Во декември 2019 се чинеше дека коронавирусот ќе остане во Кина. Но неколку недели подоцна вирусот, кој ја предизвикува болеста Ковид-19, стана глобална пандемија. Досега 188 земји во светот потврдиле случаи на коронавирусот.
Фото: Freepik
Научниците и здравствените работници, како и властите низ светот, посочуваат да се одржува физичко растојание при комуникацијата со други лица и да се одбегнува социјализацијата освен кога е неопходна.
Според податоци од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, над 15,2 милиони луѓе низ светот се заразиле, а починале над 624.000 луѓе. Досега оздравеле над 8,6 милиони пациенти.
Фото: Freepik
Сепак, има земји што досега не потврдиле случаи на
коронавирус, а тоа се следниве.
Кирибати
Маршалски Острови
Микронезија
Науру
Северна Кореја
Палау
Самоа
Соломонски Острови
Тонга
Туркменистан
Тувалу
Вануату
Извор:
aljazeera.com