Секој родител сака детето да му биде исклучително, па многумина ја губат објективноста во своите желби. Меѓутоа, американските експерти тврдат дека постојат показатели кои укажуваат на тоа дали децата се понапредни од други нивни врсници.
Врз основа на овие параметри, мајките и татковците од
најраната возраст можат да ја откријат дарбата и да му помогнат детето да ги развие своите таленти.
Еве што сè можат малите генијалци:
1. Во првата година од животот имаат омилена бајка, серија, цртан филм...
2. До втората година ги разликуваат сите бои...
3. Со навршени 24 месеци, ги препознаваат буквите...
4. На двегодишна возраст можат сами да состават сложувалка со повеќе од 20 делови, да бројат до десет и повеќе од тоа...
5. Во третата година пишуваат букви и броеви...
6. После четвртиот роденден, читаат кратки и полесни текстови...
7. До петтата година собираат и одземаат едноставни броеви и вешто манипулираат со компјутер.