X
 13.04.2017 Технологија

Конечно се најде покер играч што е непобедлив


Покер
(Фото: Pixabay)

Вештачката интелигенција ќе се бори против терористи, ќе открива нови лекови но и ќе заработува невидени суми пари на покер турнирите. Ова го потврдува најновата програма, која на последниот егзибициски турнир во покер надмоќно победи шест професионални играчи.

Програмата Ленгпудаши доминираше на турнирот кој траеше пет дена и освои 290.000 долари. Веќе втор пат годинава вештачката интелигенција ги победува професионалните играчи во покер, пишува Би-би-си.

Поранешната верзија на програмата ги победи „покерашите“ во јануари годинава, а и двете верзии се дело на Томас Сандхолм, професор по компјутерски науки од универзитетот „Карнеги Мелон“ од САД во соработка со докторандот Ноам Браун. Добивката ќе заврши во заедничката компанија која ја основале авторите.

За разлика од шахот и игрите Гоу каде целата игра се гледа на таблата, кај покерот играчите мора да се вешти во блефирањето, да користат комплицирана стратегија и да имаат способност  навреме да го „прочитаат“ блефот на противникот.

Браун за Би-би-си изјави дека иако луѓето блефирањето го сметаат исклучиво за човечка карактеристика, се покажало дека компјутерот може преку искуство да научи, доколку има слаби карти и блефира, дека постои можност да  заработи големи суми пари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија