Во јануари тројца крадци го издупчиле светларникот на една зграда близу аеродромот Хитроу и се спуштиле од 40 стапки до подот, заобиколувајќи ги безбедностните аларми и украле ретки книги во вредност од 2,5 милиони долари.
PHOTO ILLUSTRATION BY LYNE LUCIEN/THE DAILY BEAST
Кражбата се случила на 29 јануари, а крадците сѐ уште не се познати. Тие отишле до шест специфични каси и во текот на неколку часа ги истовариле книгите во кеси бегајќи од покривот со нивниот плен со комбето кое ги чекало надвор.
Зад овие книги има многу работа бидејќи биле собирани од аукциски куќи, колекционери, колеги и сл. Не се работи само за вредноста во пари, туку вредноста на работата и трудот кој е вложен. Најскапата книга е „Коперник за револуциите на небесните сфери“ која е вредна преку 250.000 долари. Меѓу украдените се и ретки примероци на Божествената комедија на Данте како и на Галилео, Њутн и Да Винчи.
Книгите биле кратко време во магацинот и одговорните се прашуваат како е можно крадците воопшто да знаеле за нивното постоење.
Слично на ликовната уметност, украдените антички книги е многу тешко да се продадат на легалниот пазар. Кога се случува криминал на ретки криги, организациите како Асоцијацијата на историската книжевност на Америка брзо презема акции за да ги извести членовите за количините кои се украдени.
Ако богат колекционер ја нарачал кражбата поверојатно сценарио е дека станува збор на криминал за можности. Во овој случај можеби некој од внатре да ја потпомагал кражбата. Пратката била чувана само неколку дена, па можноста да се земат книгите, а да не се споменува и вештината да се изберат точните каси од собата, како и оние делови што останале недопрени, веројатно е да барала помош.
Одговорните велат дека една ваква кражба е „неисплатлива“ за разлика од кражба на пр. на накит, затоа што е многу тешко книгите да се претворат во пари. Овие ситуации не им се чудни на вработените во Асоцијацијата на историската
книжевност.