X
 13.08.2022 Култура

Секој четврти човек лаже дека прочитал некоја книга, а ова се најчестите книги за кои се лаже

Според една анкета, многу луѓе велат дека прочитале одредена книга иако тоа не е вистина. Анкетата покажала дека една четвртина од луѓето се подготвени да лажат дека прочитале одредена книга за да изгледаат попаметно  и попривлечно и да се вклопат во друштвото.

Околу 40 отсто од луѓето изјавиле дека најголемата причина за лажење би била да не бидат изоставени од разговор, а малку помалку од една третина изјавиле дека лажат за да изгледаат поинтелигентни. Во анкетата учествувале 2.000 испитаници од Велика Британија.

Таа ги покажала и книгите за кои најчесто се лаже. На листата се „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол, „1984“ од Џорџ Орвел, „Господар на прстените“ од Џ. Р. Р. Толкин, „Војна и мир“ од Лав Толстој, како и „Ана Каренина“ од Лав Толстој.

На листата следуваат „Авантурите на Шерлок Холмс“ од Артур Конан Дојл, „Да се убие птицата подбивница“ од Харпер Ли, „Дејвид Коперфилд“ од Чарлс Дикенс, „Злосторство и казна“ од Фјодор Достоевски и „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин.

Подолу на листата се и „Хари Потер“ од Џ. К. Ролинг и трилогијата „Педесет нијанси“ од Е. Л. Џејмс.

Извор: DDL
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура