X
 08.01.2015 Наука

Нечистотијата како нов антибиотик

Нечистотијата може да е првото ново семејство на антибиотици. Раните тестови укажуваат на тоа дека има потенцијал да биде посебно моќна, обезбедувајќи ново оружје против растечката закана на супербактериите кои се отпорни на лековите.

 

наука


Научниците од Североисточниот универзитет во Бостон заедно со „NovoBiotic Pharmaceuticals“, мала компанија, употребија нов метод за да пронајдат соединение кое ќе ги заобиколи триковите на бактериите кои ги користат за да ги избегнат антибиотиците.

Тестовите направени врз глувците покажуваат дека соединението функционира со што убива широк спектар на бактерии - од стафилокока до лекарства отпорни на турбекулоза.

Новиот лек, наречен „теиксобактин“ доаѓа од бактерии од земјата кои обично не напредуваат во лабораториите.

„Соединението е високо потентно против широк спектар на микроорганизми, вклучувајќи ја стафилококата“, вели компанијата.

А доаѓа од обично поле во Мејн. Новиот уред кој нуди нов начин за научниците да соберат различни производи од бактериите од почвата кои не растат во лабораториите.

 

1


„Она што најмногу ме возбудува е привлечната замисла дека само ја допревме површината на нешто многу подлабоко“, вели Марк Вулхаус, професор по епидемиологија на заразни болести при Универзитетот од Единбург.

Бактериите за брзо време развиваат отпорност на лековите. Дури пред воведувањето на пеницилинот во 1943 година, бактеријата стафилокока имаше гени кои беа отпорни на нејзините ефекти. Последниот нов антибиотик кој беше воведен беше цефтаролинот во 2010 година. Беше потребна само една година за првиот микроб на стафилокока да биде опторен на нејзините ефекти.

„Очајно ни се потребни нови антибиотици. Постои зголемување на бројот на инфекции кои не можат да се третираат со постоечките лекови“, вели Алан Коукел, директор на здравствените програми на „Pew Charitable Trusts“.

„Пациентите мораат да останат во болница, подложени се на други процедури и за жал, умираат поради тоа што немаме нови, ефективни антибиотици“, додава Аманда Језек, од Здружението за инфективни болести.

Меѓутоа, ќе бидат потребни години додека соединението стане нов лек. Потребни се низа на тестови, и за жал постојат многу начини за експерименталниот лек да не успее. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука