X
 11.11.2016 Култура

Ефект на стадо: Манипулацијата со масите е многу едноставна работа!


Ефект на стадо, Дејвид Ајк

Извадоци од книгата „Ефектот на стадото“ од  Дејвид Ајк.

„Повеќето луѓе не се во состојба да прифатат дека неколкумина успеваат да манипулираат со милијарди животи, дејствувајќи преку сите институции и во сите земји. Јас го разбирам тоа, меѓутоа, кога веќе ги имате пирамидите и ја знаете состојбата на умот и реалноста на населението, тоа станува  релативно едноставно. Кога неколку луѓе сакаат да имаат надзор и да управуваат со мнозинството од човештвото, на самото место мора да постојат определени структури. Тие секогаш се истите, било да се обидувате да манипулирате со поединецот, со семејството, племето, градот, земјата, континентот или планетата.

Пред сè, мора да наметнете ‘правила’: што се смета за правилно а што не, што е можно а што не е, што е здраво а што болно, што е добро а што е лошо.

Мнозинството луѓе без приговор ќе ги почитуваат тие ‘правила’ заради „ме-ее, ме-ее менталитетот“ на стадото кое барем во последните илјада години преовладува во колективниот човеков ум.
Второ, на малубројните кои ги оспоруваат вашите наметнати ‘правила’ ќе мора животот да им го направите крајно непријатен. ‘Правилата’ или ‘консензуалната реалност’ се неопходен елемент за контрола.

Најефикасен  начин да се обезбеди потчинување на тие правила е да им се загорчи животот на оние кои се разликуваат. Поединците кои изнесуваат поинакви погледи, верзии на ‘вистината’, поинаков стил на живеење, држете ги подалеку како црни овци во човечкото стадо.

На тој начин, врз црната овца се прави притисок за да се покори, што воедно ќе користи и за другите поединци во стадото кои размислуваат за одделување или ја оспоруваат ралноста што преовладува.
Како што истакнав претходно, тој страв да бидеме различни и да изнесуваме ставови кои ги побиваат ‘правилата’, е доминантен страв за тоа какво мислење ќе имаат другите за нас.

Всушност, станува збор за страв од тоа што ќе кажат или направат овците што нè опкружуваат доколку се обидеме да го напуштиме стадото и да ги преиспитаме неговите условени претпоставки. Таквиот менталитет значи дека масите самите над себе спроведуваат ред и поредок, држејќи  се едни со други во линија.

Овцата на остатокот од стадото му станува овчарски пес. Тоа не е ништо друго  освен психолошки фашизам  - полиција на мислите со свои агенти во секој дом, насекаде. Постојат агенти кои се до таа мера агилни, што главно и немаат поим дека се неплатени контролори на умот.

Ми велат: Јас само го правам најдоброто за моите деца. Не, го правиш тоа за што си програмиран да веруваш дека е најдобро за нив, како што е програмирано и убедувањето дека само ти знаеш што е најдобро. Сето тоа е дел од  стратегијата ‘раздели па владеј’ која е пресудна кога неколкумина го контролираат мнозинството.

Секој  игра своја  улога во менталниот, емоционалниот и физичкиот кафез на сите други. Контролорите треба само да ги одредат ‘правилата’ и да го повлечат вистинското јаже во вистинско време, за нивните човечки марионети да танцуваат во соодветен ритам.

Тоа го постигнуваат со пропишување на она што ќе се подучува во системот што смело го нарекуваме ‘образование’ и со следење на тоа што поминува под назнаката ‘вести’ во медиумите што се во сопственост на илуминатите.

На тој начин, на стадото кое не размислува и не поставува никакви прашања може да му се пропишува тоа што би требало да го мисли за себеси, за другите луѓе, за животот, историјата и актуелните случувања.
Еднаш кога ќе ги дефинирате ‘правилата’, веќе нема потреба од контрола на секој новинар, репортер или владин службеник поединечно. Медиумите и институциите jа преземаат својата ‘вистина’ од истите тие ‘правила’ и службени соопштенија, рефлексивно исмејувајќи и осудувајќи го секој кој нуди поинаков поглед на реалноста.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура