X
 13.09.2017 Технологија

„iPhone X“ - Новиот адут на „Епл“

1
Фото: Screenshot/Apple

„Епл“ остана без карактеристичните рабови околу екранот, но и копчето „home“. Тим Кук тврди дека ова е дизајнот за наредните 10 години, па затоа морало да биде преземен радикален потег. Презентиран е и трет модел, кој ја означува токму оваа десетгодишнина од лансирањето на „ајфонот“. Ќе го носи името „iPhone X“.

Екранот сега е од раб до раб, со мало сечење на врвот, како што се очекувало. Екранот е со проширена резолуција (1,125 х 2,436 пиксели) и односот со страницата, па наместо „Ретина“ и „Ретина HD“, сега се вика „Супер Ретина“. Наместо LCD панели, сега се користи OLED екран со многу подобар контраст кој поддржува и DHR10 стандард, како и „True tone“ функционалност за балансирање на белата боја во однос на животната средина.

Бидејќи недостига сензорот за отпечаток на прстот, „Епл“ воведе нова функција: „Face ID“. Телефонот се отклучува со гледање директно во него. Сензорот над екранот му овозможува на телефонот од кој било агол да го скенира лицето и по пат на нервна мрежа математички да пресмета дали лицето што го отклучува телефонот е навистина неговиот сопственик.

1
Фото: Screenshot/Apple

Како и кај „Touch ID“, никакви лични податоци не се испраќаат на серверот, туку се пресметува и автентицира на самиот мобилен телефон. Поради тоа, новиот „iPhone“ може да извршува 600 милијарди операции во секунда, преку посебен дуал-кор процесор. Според тврдењата на „Епл“, „Touch-touch“ има сигурност од 50,000:1, додека „Face ID“ има точност од 1,000,000:1. „Face ID“ работи и со други апликации, не само од „Епл“, така што може да се користи за помнење на лозинки. „Face ID“ нема да се користи само за отклучување туку и за анимирање на емоџи, кои „Епл“ ги нарекува „анимоџи“.

Кога ќе се испраќаат, преку сензорот на мобилниот телефон ќе се следи позицијата на главата и на устата, така што тие ќе бидат анимирани според расположението и движењата на главата на корисникот. Потоа ќе може да се испраќаат во апликациите како анимации, чија интеграција ќе зависи од апликацијата. Копчето „home“ е заменето со движења низ екранот, па така со повлекување на еден до друг раб може да се менуваат апликациите.

Како и „iPhone 8“, и овој ајфон има две камери од задната страна. И двете камери поддржуваат оптичка стабилизација на сликата, како и малку посилно светло кое има четири одделни LED диоди. За сите љубители на селфи, на предната камера се воведува можност за портрет.

3
Фото: Screenshot/Apple

Поради проширениот екран и посилниот процесор, се очекуваше послаба автономија, но „Епл“ тврди дека „iPhone X“ има два часа подолга автономија. Како и кај „iPhone 8“, и „iPhone X“ има безжично полнење. За попрактичност, „Епл“ ја претстави подлогата за полнење „Airpower“.

Како и другите „ајфони“, доаѓа во две верзии со 64 гигајбати и 256 гигабајти меморија. Цената се движи околу очекуваните 999 долари.

Презентацијата првпат во „Епл“


Оваа презентација за новиот „ајфон“ е доста значајна. Не само што се очекуваат потенцијално револуционерни нови модели, туку и презентацијата се одржа на значајно место, во театарот „Стив Џобс“ во новиот кампус на „Епл“, во кој компанијата се пресели кон крајот на минатата година. Дизајнот на кампусот ќе поттикне дополнителна креативност која треба да донесе уште подобри производи за клиентите.

Новиот „ајфон“ ќе се вика 8


Очекувано, телефонот ќе биде со две големини - помалиот ќе има 4,7-инчен екран, додека поголемиот 5,5-инчен. Екраните ќе имаат еднакви резолуции со „TrueTone“ функцијата за баланс на белата боја. Мобилните телефони се изработени од издржлив алуминиум. И понатаму имаат стерео-звучници, со главниот звучник на дното, а звучникот за повици се користи и за мултимедија.

5
Фото: Screenshot/Apple

Процесорот на новиот модел е најсилен досега. Името „А11 Bionic“ носи шест јадра. Две, посилни јадра се за 25% посилни од претходниците, а уште четири енергетски поефикасни за 75%. Генерално, „А11“ е побрз од „А10“ процесорот. Исто така, побрзо ќе биде и процесирањето на фотографии, што добро ќе ѝ дојде на новата камера од 12 мегапиксели. Може да се снима и во 4К резолуција, со 60 FPS.

Воведена е и дополнителна функција на камерата наречена „portrait lighting“. Преку двете задни камери и сензорот за светло, фотографиите можат да се осветлат подобро од кога било. Функцијата е особено корисна за портретите.

5
Фото: Screenshot/Apple

„Епл“ исто така работел на проширена реалност, така што демонстрира игра која се наоѓа на маса во реалниот простор, но сè се прикажува на екран, како да станува збор за вистински 3Д-простор.

Бидејќи задната страна на новиот телефон е направена од стакло, „Епл“ конечно вгради безжично полнење што корисниците го бараа со години. Малку неочекувано, во „ајфонот“ го вгради „Qi“ стандардот за безжично полнење, што е најраспространет стандард за безжично полнење, така што сега може да се најде во домаќинствата и во некои угостителски објекти.

Цената на „iPhone 8“ со 64 гигабајти во Америка е 699 долари, а посилната верзија е со 256 гигабајти. „iPhone 8 плус“ ќе чини 799 долари.

Нов часовник од „Епл“

7
Фото: Screenshot/Apple

Презентацијата на третата генерација на часовници од „Епл“ започна со тоа како на луѓето што ги носат им се променил животот.

Меѓу првите нови функции е сензорот што го препознава забрзаното отчукување на срцето, дури и тогаш кога личноста мирува, односно кога не вежба активно. Ова ќе му овозможи на часовникот да им каже на луѓето дека се во опасност, на пример, од срцев удар. Најавен е и „Heart Study“, систем кој ќе ги сними податоците за срцеви отчукувања на корисниците на часовникот, со цел попрецизно и поточно да прикажат дека личноста е во опасност.

Третата генерација на часовници нема да треба да биде поврзана со мобилен телефон. Отсега ќе работи и преку мобилна мрежа, со тоа што сопственикот нема да има потреба за посебна SIM картичка, ниту телефонски број за него. Сега ќе биде поврзан со бројот на мобилниот телефон.

Конечно и новиот
ТВ на „Епл“

7
Фото: Screenshot/Apple

По речиси две години „Епл“ одлучи да ја освежи својата кутија за стриминг. Новиот модел ќе поддржува 4К стриминг, но и HDR. За да ја демонстрираат силата на својата стриминг-кутија, го поврзаа директно со проекторите што се наоѓаат во салата „Стив Џобс“. Сето ова е возможно со новиот процесор „A10Х“ кој се наоѓа во „ајпадот про“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија