X
 16.04.2017 Култура

„Фејсбук“ во офанзива против екстремната пропаганда и лажните вести


Фејсбук апликација на смартфон
(Фото: Shutterstock)

Социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека откриле меѓународна операција каде измамниците оставале „лажни коментари“ и „лајкови“ на други корисници за подоцна да ги преплават со недолични коментари и пораки.

Вакви налози се откриени во Бангладеш, Индонезија и Саудиска Арабија , а службите за безбедност на информациите на оваа мрежа координирано работаат на неутрализирање на оваа операција.

„Нашиот систем има капацитет во голема мера да ги идентификува незаконските активности, како на пример големиот број  неидентификувани ’лајкувања‘“, изјави претставничката на програмата за техничка заштита при „Фејсбук“, Шабнам Шаик.

Таа потсети дека „Фејсбук“ веќе откри 30.000 лажни профили кои имале за цел да шират лажни вести, дезинформации и пропаганда  поврзана со престојните претседателски избори во Франција. Затоа и го презеле најагресивниот чекор досега, бришејќи ги сите кориснички профили кои ги кршат одредбите за користење на социјалната мрежа, а во знак на сериозна борба против ширењето на лажни информации и екстремистичка пропаганда ширум светот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура