X
 16.04.2017 Живот

Велигден - Најголемиот христијански празник

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН)

 veligden

Малку пред 12. час, ноќта на Велика Сабота се служи Полноќницата. Свeштеникот ја симнува Плаштаницата од гробот, ја внесува во олтарот преку Царските двери и ја сместува на престолот, каде што останува 40 дена, до Вознесувањето Господово.

На полноќ започнува Воскресната литија. Народот излегува од храмот пеејќи:
Ангелите на  небесата  пеат  за Твоето воскресение, Христе Спасе наш. Удостој не и нас на земјава, со чисто срце да Те славиме.

Поворката го обиколува храмот и се враќа кон неговите затворени врати. И тука свештеникот свечено го објавува Христовото Воскресение (понекогаш се чита Евангелието кое раскажува за празниот гроб). Потоа тој извикува: Слава на Светата, Едносуштна, Животворна и Неразделна Троица, и по прв пат се пее велигденскиот тропар заедно со стихири од 67. псалм, со кои отсега ќе почнуваат сите Велигденски служби.
Нека воскресне Бог, и нека се развејат непријателите Негови, и нека бегаат од Неговото лице тие што го мразат.
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртпш ја уништи, и на сите во гробовите им подари живот (топар).
Ова е ден што го создаде Господ, да се радуваме и да се веселиме во него!

Народот повторно влегува во храмот и велигденската Утрена продолжува. Храмот е украсен со цвеќа и осветлен, свештениците се облечени во најсветли и најубави одежди. Во центарот на храмот, на аналојот лежи иконата на Воскрсението, која го прикажува Христа, Кој ги разбива вратите на адот и ги ослободува Адама и Ева. На оваа служба ништо не се чита, туку се се пее. Песнопеењата на канонот од св. Јован Дамаскин се преплетуваат со тропарот на празникот. Повторно и повторно, свештеникот извикува: Христос воскресна! и секој пат народот му одговара: Вистина воскресна!
Денот на воскресението е Пасха, Пасха Господова; да се просветиме луѓе, зашто Христос Бог не преведе од смртта во живот и од земјата на небо, нас што ја пееме победничката песна (1 песна од канонот на Велигден)

По канонот се пеат Велигденските Стихири, а по нив, до завршувањето на Утрењето се пеат Велигденските Часови.
Пред почетокот на Литургијата, свештеникот свечено го чита Велигденското Слово на св. Јован Златоуст, кое ги поканува сите верници да ги заборават своите гревови и целосно да влезат во радоста на празникот на Христовото Воскресение. И ние мораме буквално да го следиме повикот на оваа проповед, и сите, без исклучок, да се причестиме со Светите Тајни на Велигденската Трпеза Господова.
Самата Велигденска Литургија исто така почнува со пеење на празничникот тропар со стихови од 68. псалм. Антифоните се состојат од соодветни делови на псалми, кои го величат и го прославуваат Божјото спасение:
Воскликни на Господа цела земја, пејте му на Неговото име, вознесете му слава и пофалба!
Сета земја да Ти се поклони, и да Ти пее, и го опеваат Твоето име Вишни!
Да го спознаеме на земјава Твојот пат, во сите народи Твоето спасение!
Да Те исповедаат Тебе народите, Боже, да Те исповедаат сите луѓе!

Троиарот се повторува повеќепати. Крстителната химна од посланието кон Галатјаните го заменува Трисвјатоје. Апостолското читање се првите девет стихови од Делата на св. Апостоли, а од Евагелието се читаат првите седумнаесет стихови од Евангелието на Јован, кое повторно ги доведува верниците кон почетокот на почетокот и го отвара Божјото создавање и обновување на светот преку Живото Божјо Слово, Неговиот Син Исус Христос.
Самиот збор Пасха означува Излез, Премин. Првиот Премин го постави почетокот на Стариот Завет, а Велигден е новата насха на новиот и вечен завет кого што пророците од дамнина го претскажале. Тоа е вечното преминување од смртта во животот и од земјата на небото. Тоа е Денот Господов, очекуван од светите пророци, ден што го создаде Господ, за Својот Суд над сите суштества, Денот Негов, на крајната и вечна победа. Тоа е Ден на Царството Божјо, во кој ќе нема ноќ, бидејќи негова светлина е Агнецот (Откр. 21. 22-25).
Велнгденската служба воопшто не е временски определена спрема изгревот па еонцето. Велигденската Утрена и Боженствената Литургија се служат чаедно во почетните темпи часови иа црвиот ден на неделата. ча да нп се даде можпост да го почувствуиаме ндвото создавање на светот и мистички да влезиме во иовиот Ерусалим, кој вечно светли со славната светлина Христова. која ја победува непрекинатата ноќ на злото и ја уништува темнината на нашиот смртен и грешен свет.
Светли, светли нов Ерусалнме, зашто славата Господова те осветли. Ликувај сега и весели се Сионе, Ти Чиста радувај се, Богородице, на воскресението на Оној што си го родила.

Ова е една од најважните велигденски химни на Православната Црква инспирирана од пророштвото на Исаија и првите глави од Книгата на откровението, бидејќи Новото Создание, Новиот Ерусалим, Небесннот Град, Царството Божјо, Денот Господов, и Свадбената гозба на Јагнето со Неговата Невеста, сето ова се празнува и се остварува во Светиот Дух во велигденската ноќ.

 

Издавач: КАНЕО

при Дебарско- кичевска епархија - Охрид

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот