26.04.2021
Живот
Следува продолжен викенд - петок и понеделник се неработни денови
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велипеток, петокот пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, пишува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.
3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.