Војната убива, но и продава. Овие мапи ги покажуваат четирите најголеми извозници на оружје и нивните најголеми клиенти. На врвот се наоѓа САД, а потоа следат Русија, Франција и Кина.
Фото извор: bigthink.com
Овие мапи се базирани на бројки од 2011-2015, и исклучуваат зделки за продажба на оружје под 100 милиони долари. САД не само што има најголем буџет за одбрана туку и е најголем извозник во светот. За овој период извозот на оружје е во вредност од 46,4 милијарди долари, речиси третина од вкупниот глобален (32,8%).
Фото извор: bigthink.com
Овие бројки во Русија изнесувале 35,4 милијарди долари или 25,3%, во Франција се 8,1 милијарда, а во Кина 7,9 милијарди долари.
Петте најголеми купувачи од САД на воена опрема се Саудиска Арабија (4,6 милијарди долари), Обединетите Арапски Емирати (4,2 милијарди долари), Турција (3,1 милијарда долари), Јужна Кореја (3,1 милијарда долари) и Австралија (2,9 милјарди долари).
Од 2011 до 2015 Њу Делхи купува 13,4 милијарди долари во воена опрема од Русија, Кина купува во вредност од 3,8 милијарди долари, Виетнам во вредност од 3,7 милијарди долари, а други поголеми купци се Алгерија и Венецуела.
Фото извор: bigthink.com
Французите исто така продадоа многу воена опрема на Кинезите (1 милијарда долари), на Египет (759 милиони долари), ОАЕ (548 милиони долари) и Саудиска Арабија (521 милиони долари).
Фото извор: bigthink.com
Кина пак, продава
оружје на своите соседи, Пакистан (3 милијарди долари), Бангладеж (1,4 милијарди долари), Мјанмар (971 милиони долари). Венецуела е уште еден голем купувач (373 милиони долари) и Танзанија исто така (323 милиони долари).
Фото извор: bigthink.com