X
 02.06.2020 Здравје

Алцхајмеровата болест може да биде откриена децении пред да се појават симптомите

Истражувачи од универзитетскиот колеџ „Лондон“ во Велика Британија откриле нов метод на рано откривање на невродегенеративни болести, како што се Алцхајмеровата болест и Хантингтоновата болест.

Со новиот метод можно е откривање на болеста до 24 години пред појавата на симптомите. Откритијата може да помогнат во прецизно одредување на времето кога треба да почне да се третира болеста. Во моментов нема третман за многу невродегенеративни болести, па наоѓањето начин за потенцијален третман пред појавувањето на симптомите била главната цел на истражувачите.


Фото: Pixabay

Идеално, третманот би помогнал во одложувањето или спречувањето на невродегенерацијата, а на пациентите би им се овозможил многу подолг живот без симптоми, објаснува професорката Сара Табрици од универзитетот.

Истражувањето се фокусирало на заболени од Хантингтоновата болест и претставува најголемо истражување за болеста спроведено досега. Истражувачите откриле разлики во 'рбетната течност на невронскиот протеин наречен неврофиламент кај пациентите, што може да доведе до оштетување на нервните клетки. Ова можеби се најраните реакции во телото кои се поврзани со Хантингтоновата болест.


Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје