Претседателската палата на Реџеп Талип Ердоган е 30 пати поголема од Белата куќа, а се верува и дека во последните 100 години е најголемата палата која е изградена во светот.
Таа има 1100 соба од кои 250 ги користат само Ердоган и неговото семејство. Сѐ е уредено по негов вкус, а само на теписи е потрошено повеќе од осум милиони евра. Огромната количина на свилени тапети кои чинат 3000 евра по ролна се потрошени на обложување на ѕидовите, а се шпекулира дека ниедна чаша во куќата не е поевтина од 300 евра.
Тука се и турските бањи, спа собите и базените. Во зима на греење се троши околу 600.000 евра. Се проценува дека само градењето на
палатата чинело 600 милиони евра. Повеќе фотографии погледнете во
ГАЛЕРИЈА.