X
 13.05.2020 Живот

Ѕирнете во најголемиот приватен авион што изгледа како лебдечка палата

Ако некогаш планирате да купите приватен авион, има еден што ќе се издвои во текот на вашите истражувања. „Боинг бизнис џет 747-8и“, еден од најголемите приватни авиони во светот (и најголемиот што активно лета во моментов) е совршен пример за тоа како изгледа вистински луксуз во воздухот.

Постојат само мал број вакви приватни авиони и тие претставуваат елитен симбол на моќ. Овој авион обично го користат владите во светот.

Зад овој авион стои познатата француска компанија за внатрешен дизајн „Кабинет Алберто Пинто“.

1

5

Бизнисмен побарал од оваа компанија да го направи внатрешниот дизајн на авионот. Биле потребни 4 години за да се дизајнира и имплементира сè.

2

Авионот има сè: од дневна соба до трпезарија. Кога сте внатре, заборавате дека всушност се наоѓате во авион.

Сопственикот на авионот сакал нешто едноставно што би изгледало и би давало чувство како на семеен дом. Според дизајнерот Ив Пикард, токму едноставноста е вистинскиот луксуз. Пикард вели дека сопственикот не барал нешто екстравагантно, со злато и дијаманти, туку сакал едноставност.

3

4

По четиригодишна изградба и дизајн, овој авион е најголемиот што некогаш го дизајнирала француската компанија. Авионот има две нивоа и може да смести над 400 луѓе.

6

7

Извор: Bored Panda
Фотографии: albertopinto
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот