X
 24.12.2020 Забава

Новогодишен аранжман во Дубаи е најскапиот хотелски пакет во светот

Хотелот „МЕ Дубаи“ има примамлива понуда за оние што сè уште немаат план за новогодишната вечер, а се подготвени да платат многу за незаборавно искуство.

Хотелот, кој бил отворен во ноември, нуди пакет кој чини 2,4 милиона долари, кој се смета за најскапиот хотелски аранжман во светот. Вклучени се три ноќевања во најскапиот апартман во хотелот, но и автомобил „бугати вејрон гранд спорт роудстер“ и скапоцен часовник од „џејкоб енд ко“.



Престојот вклучува три оброци за најмногу 8 лица. Цената го вклучува и данокот, а аранжманот не може да се откаже.

Хотелот „МЕ Дубаи“ има 93 соби и апартмани на три ката. Бил дизајниран од „Заха Хадид“.



Извор: thenationalnews.com
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава