X
 20.04.2017 Образование

Истражувањата покажуваат дека 6% од студентите на универзитетите мамат

Прелиминарните наоди на една студија откриваат дека 6% од студентите мамат на некаков начин. Ова вклучува од споделување на белешки и задачи, до плаќање за есеј или за некој друг да оди на испит, според извештај во “The Australian”.

мамење
Фото извор: Herald Sun


Студијата која трае уште вклучува 15.000 студенти и 1200 учесници од персоналот од Универзитетот во Сиднеј, Универзитетот во Нов Јужен Велс, Грифит Универзитетот и Свансеа Универзитетот во Велика Британија.

Техниките на мамење се многу пософистицирани од напишани одговори на дланката со мастило. Околу 00 студенти признале дека мамеле на некаков начин. Од тие 40% дома зборуваат втор јазик, една третина се интернационални и 25% се студенти – инженери.

Меѓу студентите по бизнис и информатичка технологија исто така имало многу што мамат.

Како многу сериозно мамење се смета мамењето на испит и плаќање за да се минуваат испитите и за вакви мамења се покажало дека практикуваат тие 6%. На британските универзитети пак, 42% користат мобилни телефони, сокриени направи за уво, паметни часовници и други уреди за да мамат на испит од 2012.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование