X
 19.09.2023 Живот

Зошто студентите во Грција носат рузмарин во косата за време на испитите?

Рузмаринот е познат од античко време, а се споменува како лек за мозокот во Шекспировиот „Хамлет“. Ова растение содржи природни состојки кои на нашиот мозок му обезбедуваат протеини, што позитивно влијае врз работата на мозокот, па човекот побрзо размислува и полесно донесува одлуки.

Една студија за ефектот на рузмаринот даде многу интересни резултати. Имено, учесниците биле поделени во две групи - првата вдишувала етерично масло од рузмарин, додека втората не. Првата група имала 60 до 75 отсто поголема веројатност да запомни работи отколку групата што не вдишувала есенцијално масло од рузмарин.

Главниот елемент што ја зголемува нашата меморија е кинеолот. Ова истражување покажува дека луѓето што користеле рузмарин во одредени секојдневни задачи имале подобри резултати.

Рузмаринот е ефикасен во борбата против промените на расположението, стресот и ја подобрува брзината на размислување. Колку повеќе кинеол се апсорбира, толку повеќе позитивни резултати ќе постигнете.

Вреди да се проба, барем ноќта пред испитот. Со среќа!

Извор: Studomat.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот