Ако мислевте дека вештачките засладувачи ви помагаат да ја намалите тежината, размислете повторно.
фото извор: Nuttadol Kanperm/Shutterstock.com
Вештачките засладувачи комбинирани со диета која подразбира намалено внесување на јаглехидрати предизвикува прекумерно консумирање храна, според најновата спроведена студија. Резултатите од студијата се прошируваат по претходните истражувања со кои се објаснува дека вештачките засладувачи го зголемуваат чувството на глад, ако се внесуваат континуирано.
Претходна студија, пак, тврди дека користењето вештачки засладувачи во комбинација со исхрана со присуство на јаглехидрати, всушност го намалува внесувањето на храна и со тоа се намалува и бројот на внесени калории.
Во студиите се тестирани животни, па во сите случаи е утврдено дека во организмот очигледно постои поврзаност помеѓу вештачките засладувачи, гладот и метаболизмот.
Претходно
истражување од Универзитетот во Сиднеј спроведено на муви и глувци открило дека хроничната консумација на вештачки засладувачи го зголемува чувството за глад поради комплексна невролошка мрежа која му кажува на животното дека не јадело доволно и нема доволно енергија.