X
 22.04.2017 Технологија

Поглед во внатрешноста на срцето преку виртуелна реалност

Прв пат починат човек бил отворен за јавно прикажување во Болоња во 1315 година. Дури еден век подоцна, аутопсијата била прифатена како медицинска практика. Често аутопсијата не се применува и од религиозни причини.

фото извор: Peter Macdiarmid/Getty Images

Виртуелната реално сега нуди друг важен еволуциски чекор во разбирањето на нашето тело. Пристапот кон живо тело им нуди на физичарите одличен пристап за обука. Универзитетот „Стенфорд“ и го овозможува тоа.

Докторите сега ќе имаат пристап до соба во виртуелна реалност каде што ќе можат да го набљудуваат човековото срце во три димензии. Преку очила за виртуелна реалност, ќе можат да „патуваат“ внатре во срцето и да истражуваат недостатоци или срцеви мани и болести.

Оваа нова технологија е замена за претходните техники како скенирања и слично, па сега експертите ќе имаат увид во состојбата на пациентите уште пред да го отворат пациентот во салата за операција.

На Универзитетот „Стенфорд“, обуките ќе можат да се извршуваат врз дузина 3Д срца, а на секое ќе има одреден дефект. Во иднина, кога ова ќе се применува на луѓе, пациентите всушност ќе можат и самите да си го набљудуваат отчукувањето на сопственото срце.

Кога ова истражување ќе заврши, експертите се надеваат дека ќе го прошират и на други органи како мозокот и белите дробови, со цел да истражуваат за болестите како што е канцерот. Истражувачите се задоволни од напредокот во ова поле и сметаат ваквиот новитет е огромен чекор напред во медицината и технологијата воопшто.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија