X
 25.04.2017 Култура

Со рампи против несовесните пешаци?!


Семафор за пешаци
(Фото: Thinkstock)

Властите во кинескиот град Вухан одлучиле да ја засилат борбата проти несовесните пешаци кои поминуваат на црвен семафор, со поставување рампи кои наликуваат на оние од железничките и автобуски станици. Тие се отвораат како капии откако ќе се вклучи зеленото светло.

Ова не е прва мерка што се воведува против несовесните пешаци. Властите порано имале обид да ги засрамат престапниците со воведување обврска да носат зелена капа, додека на улиците поставувале кукли кои прикажувале како изгледаат настраданите во сообраќајни несреќи, пренесува „Mashable“.

Засега, проектот се смета за неуспешен, но никој и не очекувал поинаков резултат. Од друга страна, ниту челниците не се поколебале во намерите јавно да ги понижуваат граѓаните кои не ги почитувале прописите. Тие дури ја разгледале идејата да „замаскираат“ големи дупки на тротоарите на места кои се надвор од поставените рампи, па сите кои би се обиделе да ги заобиколат рампите за пешаци, би пропаднале  во истите, при што би биле снимени и поставени на јавни билборди во знак на јавна осуда.

Реакциите по социјалните мрежи очекувано се негативни, па така некои се шегуваат дека би можело да се случи рампите да бидат украдени и продадени како старо железо.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура