X
 04.09.2015 Образование

Може ли да ја решите оваа загатка со пресметување?

Загатките може да бидат забавни, но и да предизвикаат стресови доколку не можете да ги решите. Една класична загатка со мост ветува создавање многу стрес за најупорните. Таа е претставена во анимирана форма од страна на „Ted-ed“.

  

Прашањето гласи: Како да пренесете група луѓе преку мост за одреден период?

Имате 4 луѓе кои треба да стигнат до другата страна од мостот, а секој човек има различен период за кој треба да го премине мостот. Мостот може да задржи само двајца истовремено. Темно е и има само една светилка, па лицето кое ќе го помине мостот треба да се врати назад за да води следна личност.

Првата личност може да помине за една минута, втората за две минути, третата за пет, а четвртата за десет минути. Сите нив треба да ги пренесете на другата страна за помалку од 17 минути.

Како ќе го направите тоа? Погледнете го видеото за решението.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование