X
 26.04.2017 Живот

Светската популација надмина 7.5 милијарди жители

Светската популација надмина 7.5 милијарди, вели „Светскиот часовник за популација“.

население

Светските мерачи користат проекции врз основа на различни високо реномирани и валидни извори за да ги пресметаат своите постојано надградувани информации, вклучувајќи ги ОН, СЗО и Светската банка.

Популацијаат на планетата помина половина пат до следната милијарда на 25 април 2017 година, што претставува нето додавање на повеќе од 25 милиони луѓе уште од почетокот на 2017.

Повеќе од половина од популацијата во светот денес е на возраст од 30 години или под 30, според податоците на Бирото за попис на Америка.

Нигерија е најмладата популација во светот, а повеќе од половина од 189-те милиони жители се на возраст од 15 години. Спротивно на тоа, Монако е најстарата популација во светот, со повеќе од половина жители над 50 години.

Може да се каже дека жените владеат со светот, па така има 65 милиони повеќе жени, според најновите податоци на ОН. Американската Самоа има најголем сооднос во половата разлика во светот, со околу 1.36 мажи за секоја жена. Од друга страна пак, Хаити има најмал сооднос, со 1.01 маж за секоја жена.

Во Кина живее најголемата национална популација во светот. Неодамнешните владини бројки покажуваат дека населението во земјата сега изнесува повеќе од 1.385 милијарди.

Сепак, ОН очекува популацијата на Индија да ја надмине Кина во текот на следните 5 години. Моментално, популацијата на Индија расте со повеќе од 15.7 милиони луѓе годишно, што е повеќе од 20% од вкупниот годишен раст во светот.

Во седум земји живее половина од населението во светот:

Кина: 1,385 милијарди
Индија: 1.335 милијарди
САД: 325 милиони
Индонезија: 262 милиони
Бразил: 210 милиони
Пакистан: 195 милиони
Нигерија: 189 милиони

Во меѓувреме, само 20 земји се одговорни за 70% од вкупната светска популација.

Глобалната приказна за населението не е поврзана само со големите бројки; најмалата призната земја во светот се Питкерн Островите каде живеат само 50 луѓе.

ОН објави дека популацијата во светот во моментов расте со стапка од 1.11% што во превод значи раст од околу 80 милиони луѓе секоја година. По тековната стапка, светската популација треба да надмине 8 милијарди некаде во 2024 година. Населението ја надмина првата милијарда во раните 1800-ти, и стигна до 5 милијарди пред 30 години, во 1987 година.

Не се само новороденчињата оние кои придонесуваат за растот; сега и животниот век е подолг. Низ светот, просечниот животен век за бебињата родени денес е 71 година, а се проценува дека жените живеат 5 години подолго од мажите. Јапонците се популација која живее најдолго, со просечен животен век од 83.7 години.

Добрите вести? Без оглед на тоа колку сме - секој од нас е уникатен на свој начин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот