X
 28.04.2017 Живот

Може ли Ле Пен да победи на изборите во Франција?

Според спроведените анкети, одговорот е „Не“, но тоа не значи дека така и ќе биде на крајот.

фото извор: Getty Images

Емануел Макрон води убедливо на анкетите, но дали Марин Ле Пен би можела да стане претседател на Франција на изборите на 7 мај?

Макрон во првиот круг освои еден милион повеќе гласа од Ле Пен, има одлична политичка позадина и поддршка од сегашниот претседател Франсоа Оланд, како и поранешниот претседател Никола Саркози.

Сепак, експертите сметаат дека ако има мала излезност во вториот круг за Макрон, тогаш гласовите за Ле Пен може многу брзо да се искачат за дури 50 проценти. Ле Пен, пак, сметаат дека треба да напредне во анкетите,. Ако 90 проценти од луѓето кои кажале дека ќе гласаат за Ле Пен тоа и го направат, а во исто време само 65 проценти од гласачите на Макрон излезат  на гласање, тогаш Марин Ле Пен ќе ги добие изборите со 50.07 проценти.

Некои експерти пак, сметаат дека Ле Пен е многу полош избор дури и од Трамп.

Ле Пен го привлече вниманието на јавноста со интервјуата кои ги даде за првите два канали на француската телевизија, а за разлика од неа, Макрон се појави во јавноста за прославата за првиот круг гласање. За 3 мај закажан е ТВ дуел меѓу двајцата кандидати.

Ле Пен веќе доби рекорден бој на поддржувачи, нарекувајќи го Макрон „кандидат на олигархијата“. Експертите сметаат дека постои можноста таа да привлече нови гласачи, за време на последните денови од кампањата, која се фокусира на безбедноста и тероризмот.

Експертите заклучуваат дека состојбата е неизвесна, и иако има многу малку време до изборите, сепак не ја отстрануваат можноста Ле Пен да победи на изборите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот