X
 03.05.2017 Живот

Дали е започната нова Студена војна?

Најголемата сличност меѓу некогашната Студена војна и денешната ситуација е во тоа што акутните геополитички заострувања прераснуваат во локални конфликти. Ако Русија и земјите од Запад сакаат успешно да ги решат тие конфликти, ќе мораат да се одречат од правилата кои важеа во Студената војна.

знамиња
Фото извор: Profimedia


Последниот лидер на СССР Михаил Горбачов во неколку случаи предупредувал од нова Студена војна, а неодамна тоа и го повтори. Реториката на претставниците на Русија и САД навистина е далеку помалку воздржана, а лидерите зборуваат за меѓусебно губење на довербата. Експертите пак, приметуваат дека постојат паралели кои никој не го радуваат, но многумина тврдат дека сегашната ситуација е далеку понестабилна од добата на Студената војна.

Недостиг од идеолошка конфронтација

Најголемата сличност меѓу старата Студена војна и денешната ситуација се состои од заострување на геополитичката ситуација во светот и во тоа што напнатоста во различни делови прерасна во конфликти. Меѓутоа дури и кога расте недовербата меѓу САД и Русија, отсуството на идеолошката конфронтација пречува експертите да зборуваат за почеток на нова студена војна.

Една разлика од тогашната ситуација и сега е што сега двете страни имаат исти погледи на светот, а тогаш биле изолирани една од друга. Другата разлика се состои во тоа што иако САД и Русија и понатаму се најголеми нуклеарни сили на светот, има и други актери кои ниту една од нив двете не можат ефикасно да ги дисциплинираат.

Со други зборови тие не можат ефикасно да ги решаваат меѓународните проблеми во билатерален формат без вклучување на други актери кои имаат глобално или регионално влијание.

Враќање во иднината

Во денешниот свет каде што луѓето живеат без исклучок на заканата од тероризмот „биполарниот свет на Студената војна делува како релативно стабилен, каде непријателот бил препознатлив и достапен преку дипломатски канали“, вели Антон Федјашин, директор на Институтот за руска култура и историја на Американскиот универзитет во Вашингтон.

Во оваа ситуација, многу актуелно е прашањето за тоа дали на денешните лидери на Западот и Русија ќе им бидат потребни некои еквиваленти од Карипската криза за градење на нов систем на одвраќање од кризни ситуации, а можеби и систем кој подразбира соработка. Меѓутоа, додека научниците зборуваат за потребата од соработка, политичарите, судејќи по сѐ и понатаму ја играат својата игра која би можела да прерасне во Втора студена војна.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот