X
 29.04.2017 Живот

Писмо од ученик до наставник кое ќе ви го стопи срцето

Ученик од петто одделение напишал писмо до својот учител и го опишал како најдобриот наставник.

фото извор: Twitter

Ученикот посочил дека наставникот претставува за него татковска фигура, која тој за жал ја нема. Ова негово писмо предизвика низа позитивни реакции на Интернет.

Момчето се вика Маркус, го оставил писмото на бирото од наставникот. Во писмото стои:

„За г-дин Џеј

Ви благодарам што сте одличен наставник и сте навистина фантастични! Оваа училишна година беше многу забавна и уживав во неа благодарение на Вас.

Би сакал да има повеќе наставници како Вас. Никогаш нема да Ве заборавам.

Гледам на Вас како на татко. Никогаш не сум го запознал својот вистински татко, но тоа е во ред бидејќи Вие ме третирате како да сум Ваш син.

Ме правите многу среќен. Секогаш ме храните кога сум гладен и ме прегрнувате кога сум тажен.
Никогаш нема да ве заборавам г-дин Џеј. Ве сакам и секогаш ќе се сеќавам на Вас!

Со љубов, Маркус
 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот