X
 24.06.2021 Живот

Ученик од Риека на нов начин решил познат математички проблем и ги воодушевил Русите

Симеон Стефановиќ на математички турнир кој се одржува во Москва, ја решил Радоновата теорема на начин на кој досега никој не ја решил.

Симеон е ученик во втора година во Средното училиште за електротехника и компјутери во Риека. Тој дури 16 пати учествувал на државни натпревари и е државен шампион во математика и информатика.

На натпревари почнал да оди од второ одделение, а годинашниот натпревар во Москва се одржал онлајн, поради пандемијата. 

- Ни беа дадени низа задачи, вклучувајќи ја и теоремата на Радон. Не знаев дека е нешто што на многумина им е комплицирано. Јас го решив на начин на кој сè уште никој не го решил. На многу полесен начин кој е разбирлив за многумина, па добив специјална пофалба од Москва - вели Симеон.

Симеон од две години брои до десет на три јазици, а од четири години ја знаел целата табела за множење. Уште во основно училиште тој решавал математички задачи од државна матура.

matematika
Фото: Freepik

- Кога бев трето одделение, медиумите пишуваа за математичка задача од матура во државна гимназија што беше голем проблем за матурантите. Мајка ми ми го прочита, а јас го решив без хартија и молив. Во осмо одделение чисто од забава отидов да решавам задачи што се даваа на државна матура - раскажува тој.

За натпреварите се подготвува сам со надворешни ментори од Центарот за техничка кулутра и од Здружението на млади надарени математичари.

- На натпреварите има материјал што не се учи на училиште, па потребна е дополнителна работа. Потребна е голема волја, време и желба. Познат е фактот дека хрватскиот училиштен систем не признава надарени деца. Со нив не се работи и тие претежно се оставени сами на себе. Опстануваат само оние кои имаат волја и желба сами да работат - вели тој.

Извор: Index.hr
Фото: Srednja škola za elektrotehniku i računalstvo
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот