X
 30.04.2017 Култура

Неверојатен парк кој ќе го ослободи детето во вас

Замислете парк каде што можете низ дрвјата, по „патека во воздух“ да се релаксирате на лежалка.

1
Фото: Dror

Ви звучи примамливо? Ваков парк постои, па доколку сакате да го посетите, тоа можете да го направите во Истанбул, Турција.

Архитектите од „Studio Dror“ ќе ја трансформираат постоечката зелена површина која се наоѓа на 9 километри од центарот на градот, во игралиште за ентузијастите од сите возрасти.

Наречен „Parkoman“, ова атракција ќе има патишта на врвот на дрвјата, лулашки, лежалки, тобогани, па дури и огромни топки - сè со цел повторно да се поврзете со природата или едноставно да го ослободите детето во вас.

1
Фото: Dror

Архитектите го дизајнираа паркот околу шума, оставајќи го секое дрво на своето место, како што било побарано од градот. Проектот е во тек, така што сè уште не се знае кога ќе заврши. Како и да е, кога ќе биде готов, не заборавајте да си резервирате лет до Истанбул.

3
Фото: Dror
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура