X
 08.06.2021 Живот

Ќе се засадат 18 милиони дрвја за една деценија во околината на Глазгов

Ново партнерство ветува дека ќе засади 10 дрвја за секој маж, жена и дете во регионот околу Глазгов, како дел од новата урбана „шумска“ мрежа.

Амбициозниот потег за садење се нарекува иницијатива за климатски шуми „Клајд“ и тој ќе вдахне нов живот низ осумте локални области околу најголемиот град во Шкотска.

18 милиони дрвјa што треба да бидат засадени во текот на следната деценија ќе ја зголемат покриеноста на шумите во регионот од 17 на 20 отсто.

„Зелената мрежа на долината Глазгов и Клајд“, основана во 2007 година, го води патот за да му помогне на градот да ја демонстрира својата заложба за достигнување „нето-нула“, бидејќи Глазгов е домаќин на следната годишна конференција на ОН за климатски промени.

Во Инверклид, првите фиданки беа засадени од лидерот на Советот, Стивен Мекејб, кој со волонтерите од групата за резерви на заедницата „Пријатели на Ковес“ се согласија дека мора да се направи сè за да се заштити нашата планета.

- Како никогаш досега, пандемијата ја стави во центарот на вниманието вредноста на локалните простори како места за вежбање, ослободување од стресот и соработка со природата - вели Сузан Ајткен, лидер на Градскиот совет во Глазгов.

drvja
Фото: Freepik

Во регионот има 29.000 хектари широколисна шума, но е расцепкана поради урбаниот развој. Новото засадување има цел да ги поврзе овие шуми и да помогне во обновување на природата и зајакнување на биодиверзитетот.

Проектниот тим има цел да се фокусира на поранешни места за експлоатација на јаглен, слободно и напуштено земјиште и урбани улици - но ќе работи на принципот на садење вистинското дрво на вистинското место.

- Дрвјата се зелените бели дробови на планетата. Тие го подобруваат воздухот што го дишеме и апсорбираат штетни емисии на СО2 од нашето опкружување - вели советникот Ендру Полсон, кој е претседател на организацијата за користење и одржливост на земјиштето во Глазгов.

- Сите имаме фантастична можност да работиме за да ја подобриме животната средина, а истовремено да се справиме и со климатските промени - додава тој.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот