X
 01.05.2017 Живот

Што има во ранецот кој спасува живот во Јужен Судан?

Јужен Судан е во хаос. Борбата меѓу владата и бунтовниците испратија 25 илјади луѓе од градот Кодок до границата со Судан, а по пат се појавиле уште 13 илјади кои исто така бегаат од настаната ситуација. |

фото извор: MSF

Луѓето се движат по пустински предел без патишта, на високи температури, со многу малку храна и вода. Од хуманитарните организации и „Doctors Without Borders“, испраќаат свои тимови на границата, а нивни членови исто така им помагаат на луѓето и по пат, доделувајќи им ранци со медицински материјали.

Што се има во ранецот?

-    Комплет за тестирање на маларија
-    Термометар
-    Лекови за лечење маларија
-    Лекови за колка
-    Решенија за дехидратација
-    Антибиотици
-    Соларен полнач
-    Материјали за третирање рани
-    Комплет за шиење
-    Стерилна вода
-    Антибактериски марамчиња
-    Таблети за прочистување на вода

Маларијата е закана, исто така и колерата и респираторните заболувања. Но, со овие материјали луѓето успеваат да се заштитат во одредена мера од заканите со кои се соочуваат додека се движат. Сепак, се наоѓаат во навистина ризични и опасни услови. Во меѓувреме, се јавува нов проблем – започнува сезоната на дождови за 4 недели, па целиот регион ќе биде во кал.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот