X
 02.05.2017 Образование

Факултетот за медицински науки на УГД подготвува најсовремен центар за стоматологија

Факултетот за медицински науки при УГД преку насоката за дентална медицина е во подготвока на еден од најсовремените центри за дентална медицина во овој регион. Центарот е целосно опремен, а професорите се надеваат дека во најскора иднина тој ќе биде пуштен во употреба и ќе можат да го користат сите пациенти.



Стоматолошкиот клинички центар кој моментално е во функција на студентите но во иднина се планира да ги опслужува сите пациенти, а особено ранливите категории за кои стоматолошкото згружување ќе биде бесплатно, изјави доц. Д-р Киро Папакоча од ФМН. Стоматолошкиот клинички центар, според професорите и вработените, е опремен со 5 сали и веројатно е еден од најдобро опремените во овој регион.



Ценатарот има пет сали од кои една е сала за претклинички вежби на студентите и четири сали за клинички вежби од кои имаме и еден оперативен блок опремени со најсовремена апаратура со тоа што во моментот се во служба на студентите, а во догледно време во служба на пациентите, изјави Ана Радевска Пановска од Факултетот за медицински науки.
Целосниот центар располага и со фантомска сала која им овозможува на студентите и практикантите да вежбаат на фантоми пред да почнат да работат со вистински пациенти.

Моментално се наоѓаме во фантомската сала која има 10 фантоми за претклинички вежби. Тука студентите се стекнуваат со знаења и вештини од областа на стоматологијаат. Подоцна при работа во ординација можат полесно да се снајдат, изјави Верица Тонева од ФМН.

Со цел брз развој и добивање на соодветен стручен кадар факултетот во текот на студирањето ги стимулира најдобрите студенти со различни мерки и со тоа тие се стекнуваат со најдоброто знаење и практики. 



Најдобрите студенти имаат можност за ослободување од партиципација. Исто така сакам да напоменам дека надјобрите студенти можат да добијат и меѓународни стипендии како и да одат на пракса на во едни од најпрестижните универзитети и факултети во странство, изјави Соња Роголева од насоката по дентална медицина при Факултетот за медицинкси науки.

Факултетот за медицнски науки најавува и дека покрај тоа што центарот ќе работи со пациенти тие се отворени и за соработка со другите стоматолошки лаборатории и клиники. Дел од соработката веќе е започната и дел од студентите и вработените имаат бенефит од таквиот вид на соработка.

 

Оваа лабораторија има за цел да ја подобри соработката со јавните и приватни здравствени организации, како и да ја зајакне соработката меѓу универзитетите и стоматолошките факултети, изјави Павле Апостолоски, лаборант во Факултетот за медицнски науки.
Од разговорот со студентите дознавме дека се презадоволни од условите кои што ги имаат на самиот факултет и во лабораториите и дека ова многу им помага да влезат подготвени во светот на стоматологијата.
Оваа лаборатаорија имаме можност да ги одржиме претклилничките вежби. Оваа лабораторија како и асистентите се од голема помош за нас и ни помга да се стекнеме со поголеми знаења со цел да ни овозможи успешно влегување во светот на доткорите, изјави студентката Лејла Идризовиќ. 

Стоматолошкиот центар при Универзитетот „Гоце Делчев“ очекува наскоро да завршат сите правни процедури за негово отворање и веднаш потоа да започнат со опслужување на сите пациенти кои имаат потреба од него.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование