„Caminito del Rey“ е шеталиште во Шпанија кое е споено со стрмни ѕидини во тесна клисури во „El Chorrou“.
фото извор: lounge.obviousmag.org
Ова шеталиште одреден период било реконструирано откако делумно било затворено неколку децении. По 4 години поправки и реновирања, шеталиштето повторно е отворено во 2015 година.
Во минатото овој пат бил познат како „најопасното шеталиште на светот“, по петте смртни случаи регистрирани во 1999 и 2000 година. На врвот на клисурата се поставени два споменици, еден за авантуристот кој се удавил откако ногата му заглавила под водата, а другиот споменик е за 3 момчиња кои загинале во 2000 година откако се скршил кабелот на кој биле прицврстени над највисоката точка на оваа клисура.
Исто така, во подножјето на клисурата, има и напуштена куќа во која некогаш живеело швајцарското семејство Робинсон во 1970-те години. Нивниот мирен живот одненадеж бил прекинат кога бил убиен таткото кој интервенирал во тепачка во блиското место Ардалес.
„
Caminito Del Rey“ е изграден во 1901 година за време на кралот Афоно XIII, кој сакал да обедини три реки, но потоа станал магнет за планинари и зависници од адреналин, привлечени од неверојатниот поглед.