Кога се влегува во Основното училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ во Тетово во ходниците веднаш се забележува впечатливото уредување на дел од ѕидовите со неколку мозаици. Овие уметнички дела се израз и резултат на креативноста на учениците и нивниот наставник по ликовно образование - Зоран Бошкоски. Кабинетот по ликовна уметност е местото каде што харизматичниот наставник Зоран, ликовен уметник, им ги пренесува знаењата и заедно со учениците создава нови дела. На часовите се прават мозаици, графики, се ткае на разбој…
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.