Неодамна, на интернет се појави постер кој го најавува враќањето на серијата „Friends“ на есен во 2018 година. За жал, постерот е лажен.
Фото: Getty/Facebook
Меѓутоа, виновникот за постерот е постот на Фејсбук страната на Дејвид Швимер (кој патем не е вистинскиот Дејвид Швимер). На објавениот пост пишуваше:
„Официјално е, сите 6 членови на филмската екипа потпишаа договор, и ние се враќаме со уште една сезона! #Theonewheretheycomeback #Friends2018“.
Постот беше споделен над 360.000 пати, а подоцна и самиот пост, а и профилот, избришани.
Но, неколку работи се чинат сомнителни...
Страната постоеше само 4 дена, а ова бил првиот пост што таа го постирала. Второ, на страната било постирано меме од Рос каде што вели: „We were on a break“ со наслов
„When people ask me why it took 13 years to get a Friends Reunion“.
За жал, екипата од
серијата на неколку наврати изјави дека нема да се обединуваат за повторно снимање. Неодамна и Лиса Кудроу и Џенифер Анистон ја отфрлија идејата за обединување.