Фото: Instagram
Кога професорката Лин Слејтер од Фордам Универзитетот отишла да се сретне со пријател на ручек за време на модната недела во Њујрок, таа немала поим дека нејзиниот живот ќе се промени засекогаш. Во тој момент таа била опкружена со странски новинари, кои мислеле дека е модна икона. Токму ова бил дефинирачки момент за Лин, кој ја претворил во „случајна икона“ и го прославил нејзиниот блог.
На 63 години, Лин Слејтер не е типичен модел од високата мода, меѓутоа дефинитивно е модна икона. Таа ја критикува дискриминацијата врз основа на возраста и во модната индустрија и во секојдневниот живот, вклучувајќи ја и клише реченицата „облекувај се според возраста“.
„Мислам дека ако ти е удобно во она што го носиш, без разлика на тоа колку години имаш, ќе изгледаш одлично“, вели таа.
Лин е за восхит, и не само поради нејзиниот незапирлив став, туку и поради
нејзиниот стил.