X
 24.03.2018 Наука

Можете да халуцинирате и без таблети

Човековиот мозок е неверојатно нешто. Може да прави нешта со кои најсложените машини не можат ни да се натпреваруваат поради нашата моќ за свесност и остроумност. Сепак, тие отприлика 100 милијарди неврони исто така се и неверојатно слаби. Ако дури и најмало нешто се поремети со некое поврзување, нештата многу брзо можат да се распаднат. И дури и без некакви повреди или структурни дефекти, човековиот мозок може самиот да стане чуден. Изгледа дека е изненадувачки лесно да го измамите мозокот да гледа и слуша нешта кои не се тука. И не, не зборуваме за земање некакви таблети за да халуцинирате. Мозокот може сето тоа да го прави сам, само треба да знаете како да го манипулирате.



Како што може да се види на видеото, ако создадете ситуација на интензивна перцептивна изолација користејќи некои предмети кои ги имате по дома, со што можете да предизвикате силни халуцинации.

Што ви е потребно?
  • Светлина и бела хартија
  • Памук
  • Ластичиња
  • Ножици, селотејп, хефталица и врвца
  • Снимка од врева од стар телевизор или шум кој трае најмалку 30 минути
  • Слушалки кои ја елиминираат надворешната врева
Гледајте го видеото за да дознаете како се користат сите овие нешта за да пробате да го постигнете саканиот ефект, кој би требало да почне по 10 до 30 минути. Момците од снимката по 20 минути почнале да гледаат бои, да слушаат врисоци или смеа. Звучи глупаво? Па треба да им веруваме на двајца момци од видео на „Ју Тјуб“, но она што тие го прават всушност ги следи принципите на научен феномен познат како Ганзфелд ефект.

Според овој ефект, кога сте изложени на еднолично стимулациско поле, како гледање црнило и слушање постојан телевизиски сигнал, вашиот мозок реагира така што ја засилува нервната врева во напор да ги најде визуелните сигнали кои недостасуваат. Ова може да резултира со визуелни и звучни халуцинации. Секако, секој човек на различен начин ќе го доживее искуството.

Кога Дерек од „Ју Тјуб“ каналот „Веритасиум“ ја испроба неговата верзија на перцептивна изолација и се заклучи во темна и тивка комора и таму седеше 45 минути, тој го сруши митот дека недостигот од стимулација може да ве полуди, но сепак кажа дека доживеал некои чудни сензации.



-Можеби најчудното нешто кое го забележав беше чувствувањето на моето срце. Чувствував како пумпаше тешко и можев речиси да почувствувам како крвта оди нагоре во мене. Не беше како да го слушам, туку како да го чувствувам. И се чувствувам како да на некој начин срцето ми го тресе телото. Тоа беше чудно - објаснува тој.

Во оваа ситуација, Дерек не искусил халуцинации, но она што го опишува дека го правело неговото срце, сугерира дека неговиот мозок ги преувеличувал нештата во отсуство на некаква стимулација.

Интересно е што истражувачите демонстрирале сличен ефект во експеримент во 2015 година, кога прашале волонтери да се гледаат во очи 10 минути.

-Учесниците рекоа дека имале несовладливо искуство кое никогаш порано не го искусиле - истакна Кристијан Џарет тогаш.

Ова не е прециизна наука бидејќи секој мозок различно одговара на чудните нешта кои му ги нудиме.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука