„Фејсбук-Месинџер“ наскоро ќе дозволи бришење на испратената порака, и тоа по 10 минути од нејзиното испраќање.
Оваа опција е ставена како следна во белешките на 191.0 „Месинџер“ за „Ајос“. За разлика од еден час што „Вацап“ ви го дава за да избришете порака, 10 минути не ви дава многу голема временска рамка за да се поправите себеси. Но, подобро е отколку грешката да остане засекогаш.
Оваа опција „Месинџер“ ја најави уште во април, откако „Фејсбук“ призна дека ги брише пораките испратени од извршниот директор Марк Закерберг. Функционалноста првпат беше забележана во октомври во текот на тестирањето.
Друга новост што ја носи „Фејсбук“ е тоа што отвора своја продавница.
Како што најавува, „Фејсбук“ за време на претстојните празници во Америка ќе отвори неколку штандови во рамките на специјалните дуќани на „Мејсис“. Со оглед на тоа што компанијата нема речиси ниту еден физички производ, „
Фејсбук“ ќе ги нуди омилените брендови од „Фејсбук“ и „Инстаграм“, давајќи им на купувачите опција да ги разгледуваат производите пред да се одлучат нешто да купат.