X
 17.05.2017 Живот

Знаци кои укажуваат дека сте потенцијален претприемач

Сметате дека сте подготвени да бидете претприемач? Не е се така лесно како што изгледа. Потребно е многу посветеност, време и многу непроспиени ноќи за да започнете бизнис.

претприемач


Овие знаци се среќавале кај успешни бизнисмени и се квалитети кои треба да ги поседувате ако сакате за започнете сопствен бизнис:

Жестоко одлучувачки ум
– првата работа што Ви е потребна е да можете да носите одлуки.
Едноставно знаете дека сакате да удоволите секому подобро е да продавате сладолед. Но, за да бидете претприемач е потребно да сте водени од цел и страст.

Секогаш бидете во потрага по водечката улога
– кога сте се нашле во група, дали сте почувствувале дека несвесно ја преземате водечката улога. Сепак, да се биде лидер не значи исто што и менаџер, а за да бидете добар претприемач потребно е да сте добар лидер. Потребно е да верувате во Вашата визија, да инспирирате и иницирате страст.

Преземате ризици – како претприемач ќе бидете одговорни за справување со тешки луѓе. Исто така ќе треба да се откажете од време, удобност и финансиска удобност ако сакате Вашиот бизнис да успее. Започнувањето на бизнис значи преземање ризици. Но целта е тие ризици да Ви одат во прилог.

Секогаш треба да целите да знаете повеќе
– дали можеби сте биле од оние љубопитни деца што сакале да знаат како сѐ нешто функционира? Како претприемач е неопходно да ја имате оваа особина.

Неприфаќање на традиционалните работни навики – дали Ви е здодевно да ги правите истите работи повторно и повторно? Ако постојано се гушите на традиционалните работни места и сте убедени дека можете да работите подобро, ова е знак дека е можеби треба да станете претприемач.

Удобно Ви е со непознатото – на претприемачите им е удобно покрај фактот дека можеби не знаат од каде доаѓа нивната следна заработка. Тие уживаат да не знаат што ќе се случи следниот ден. За нив предвидливоста е досадна.

Тие прават наместо да велат – многу луѓе седат и сонуваат, но претприемачите преземаат акции и ги претвораат нивните соништа во реланост. Не можете само да размислувате за добри бизнис идеи и да очекувате тие магично да се случат, туку треба да работите напорно.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот