X
 27.04.2021 Наша тема

Неделков: Ако редовен професор на факултет сега зема плата од 36.000 денари од државата, од септември ќе зема 39.600 денари

Повисоките плати се предвидени со Колективниот договор кој ќе има примена во високото образование и кој е прв ваков договор од осамостојувањето на Македонија. Освен делот за финансиите, во Колективниот договор има и нормативен дел, со кој се регулирани начинот на вработување на работници во високото образование и наука, одговорностите при работа, дисциплинските постапки, платените отсуства

Министерството за образование и наука за редовен професор сега исплаќа околу 54.000 денари бруто-плата, односно тој добива околу 36.000 денари нето-плата. Оваа основица од септември ќе биде зголемена за 10 отсто кај сите вработени во високото образование, па така, со зголемувањето, платата на редовен професор ќе изнесува околу 39.600 денари, вели првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков.

Повисоките плати се предвидени со Колективниот договор, кој ќе има примена во високото образование, а кој е прв ваков договор од осамостојувањето на Македонија што се однесува на високото образование и науката. Освен делот за финансиите, во Колективниот договор има и нормативен дел, со кој се регулирани начинот на вработување на работници во високото образование и наука, одговорностите при работа, дисциплинските постапки, платените отсуства.

- Сега од државниот буџет за вонреден професор се издвојуваат 49.411 денари бруто-плата, односно 32.850 нето-плата. За доцент, државата издвојува 45.850 бруто, односно 30.550 нето. Зборуваме за основицата, за основната плата. Последниве шест месеци работевме на новиот Колективен договор, односно на првиот ваков договор што ќе има примена во високото образование и во науката. Овде се регулирани правата и обврските и на работодавците - тоа се универзитетите, и на работниците - вработените во високото образование и наука. Во делот на правата, регулирани се правата, односно допрецизирани се согласно актуелните закони, Законот за високото образование и Законот за работните односи, и меѓународни конвенции, притоа внимавајќи на автономијата на универзитетите и на утврдување на платите по работни места, на работниците, почнувајќи од помошно-технички персонал, административно-стручен кадар и наставно-научен кадар. Пред сè, заради вистинско информирање на јавноста, како и за избегнување шпекулации, сакам да потенцирам дека се утврдени коефициенти на сложеност на работното место врз основа на досегашните финансирања на работните места од државата, односно МОН – информира Неделков.


Јаким Неделков

Како што појаснува, утврдени се и зголемени коефициенти за септември 2021 година и септември 2022 година, кои ќе бидат зголемени за 10 отсто од сегашната плата.

- Ако вработен во високо образование зема плата, на пример, 30.000 денари од државата, во септември ќе земе 33.000, а идниот септември ќе има зголемување од нови 10 отсто, значи ќе зема 36.000 денари - додава Неделков.
Со Колективниот договор е утврдена и висината на додатокот на плата за минат труд, од 0,5 отсто на годишно ниво. Утврдени се и додатоците на плата за прекувремена работа, согласно Законот за работни односи. Освен тоа, тука се и теренските додатоци.

- Можноста за користење сопствени средства на универзитетите останува, како и досега. Во меѓувреме, јавната расправа за Колективниот договор заврши, па очекуваме деновиве забелешките писмено да се достават во СОНК и од среда да се усогласиме со МОН во однос на прифаќањето на забелешките. Сето ова е во завршна фаза - додава претседателот на СОНК.
Подготвил: Антонија Поповска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема