X
 19.05.2017 Наука

Што ќе се случи ако Земјата почне да се врти побрзо?

Има многу нешта кои ги загрижуваат луѓето како. За сега, што ќе се случи ако Земја се врти премногу брзо не нѐ загрижува затоа што не е веројатно дека ќе го дочекаме тој ден наскоро.

земја


Сепак, експертите имаат претпоставки и за таквите случаи. Ако може да се забрза ротацијата на Земјата по еден километар на час нивото на морето околу екваторот ќе се покачи за неколку сентиметри затоа што ќе надојде од половите.

Она што би било позабележително е дека на некои од сателитите ќе им се изгуби траг. Тие орбитираат околу планетата со брзина што соодветствува на земјината ротација, па ако Земјата забрза тие не би биле на местото.

Губење на тежина


Моментално, ако тежите 68 кг на Арктикот, на екваторот тежината е 67,5 кг. Тоа е поради екстра центрифугалната сила која се генерира кога екваторот се врти побрзо. Кога би се вртела побрзо и Земјата, ќе тежите помалку.

Постојан замор

Колку побрзо се врти планетата толку пократки ќе бидат деновите. На пример, ако ротира 100 м/ч побрзо од обично, денот ќе трае 22 часа. Ова треба да значи дека ќе се намали и времетраењето на одморот, а сигурно ќе влијае и на животните и природата. Но, ако забрзувањето се случи по милиони години, дотогаш со сигурност ќе се адаптираме на новата брзина.

Поголеми урагани


Со забрзувањето на ротацијата и ураганите ќе бидат побрзи, а причината е иста: затоа што Земјата се движи побрзо околу екваторот. Ако планетата не би се вртела ветровите од северниот пол би дувале право кон екваторот и обратно. Но, ова не е случај затоа што постои ротацијата.

Воден свет

Дополнителната брзина значи дека и океаните ќе станат подлабоки неколку сентиметри за само неколку дена. Ако се дуплира брзината на екваторот би било катастрофа. Центрифугалната сила би одвлекла стотици метри вода и освен големите врвови како Килиманџаро, сѐ би било покриено со вода. Веројатно водата би почнала да се движи нагоре кон атмосферата, но нема да има доволно живи луѓе да го уживаат феноменот.

Земјотреси

Експертите велат дека при забрзување на ротацијата би имале огромни земјотреси, при што тектонските плочи би се движеле побрзо.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука