Сингапур може да биде горда на својата верска различност и толеранција. Истражувањето од „Pew“ од 2014 година наведува дека Сингапур е најстарата религиозно разновидна држава во светот.
Фото: National heritage board
Храмот Шри Вирмакалијман
Истражувањето ги рангирало државите на скала од 1 до 10 според разновидност, мерејќи го индексот на верска различност (Religious Diversity Index - RDI) врз основа на процентот на населението кое спаѓа во следните категории: будисти, христијани, народни религии, хиндуси, Евреи, муслимани, други религии (кои се сметаат за група) и религиозно самостојни. Сингапур доби 9.0 поени и се најде на првото место од вкупно 232 земји.
Македонија се најде во втората група на земји именувана „Високо“ се најде на 23-то место.
Фото: National heritage board
Будистичкиот храм
Сппоред Анкетата за домаќинствата во Сингапур за 2015 година, во градот-држава живеат 33% будисти, 14% мсулимани, 19% христијани, 11% таоисти и 5% хинду, додека 18% тврдат дека не се религиозни. Оваа религиозна разновидност е распространета низ целиот остров.
Фото: National heritage board
Џамијата Абдул Гафор
Сингапур исто така ја поттикнува религиозната разновидност со одбележување на значајни датуми и настани за секоја група.
Државните празници вклучуваат сè, од Велигден, Хари Раја до Дивали, кинеска Нова година, така што жителите можат да ги поминат овие важни денови со нивните сакани без оглед на нивните
верувања.
Фото: National heritage board
Црквата на вистинската светлина