X
 22.03.2018 Живот

Времињата се менуваат - Европа сѐ помалку христијанска

европа

Повеќето млади луѓе во десетина европски земји немаат чувство за верска припадност - најголем дел од нив доаѓаат од Чешка, во која 91 отсто од анкетираните изјавиле дека не се определени кога станува збор за верата.

Дека Европа се насочува кон постхристијанското општество покажува и истражувањето спроведено во 21 европска земја. Истражувањето било направено врз младите луѓе на возраст од 16 до 29 години.

Помеѓу 70 и 80 отсто од младите во Естонија, Шведска и во Холандија немаат чувство за верска припадност. Повеќе од 50 отсто од младите без верска припадност меѓу анкетираните се од Велика Британија, Холандија, Белгија, Франција, Финска, Данска, Норвешка и Шпанија. Најрелигиозна земја е Полска, во која само 17 отсто од анкетираните млади луѓе не се верници, а во Литванија овој процент изнесува 25 отсто.

Во Чешка, 70 отсто од младите никогаш не одат во црква, а во Велика Британија, Франција, Белгија, Шпанија и Холандија, овој процент изнесува помеѓу 55 и 60 отсто.

Резултатите се објавени во извештајот „Европската младина и религијата“, а шефот на истражувањето е Стивен Баливан, професор по теологија и социологија на религијата на лондонскиот католички универзитет „Св. Мери“, во соработка со католичкиот институт во Париз.

Баливан напоменува дека според истражувањето, најхристијански земји претставуваат оние со католичко мнозинство - Полска, Литванија, Австрија, Словенија, Ирска и Португалија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот