X
 24.05.2017 Култура

Совршената љубовна приказна

совршена љубовна

Покрај средновековниот стар град Нешател, Швајцарија, седев во сонцето, пиејќи пиво на терасата на кафулето. Позади мене седна млада жена на малата кружна мермерна маса во вид на шах. Имаше прекрасни сини очи како полирани камења, додека нејзината црна коса паѓаше како бранови. Се обидов да пронајдам начин на француски да речам: „Би сакала ли да играме шах?“

Беше јуни 1975 година, а јас шетав низ Швајцарија и Франција, летото пред да одам да студирам во Чикаго. Случајно се најдов во Нешател. Конечно собрав храброст да ѝ прозборам со мојот несовршен француски јазик, дали би сакала да игра, посочувајќи ја шаховската табла. „Молам?“ беше нејзиниот одговор. Се обидов внимателно да го повторам прашањето, а таа ми одговори на англиски: „Можеби треба да зборуваме на англиски јазик“.

Маиф, кратко од Мари-Франс, имаше 19 години и живееше во Нешател целиот нејзин живот. Редовна беше во кафулето, каде често доаѓаше после училиште на кафе, цигара и пинбол. Тој ден, таа ги заврши нејзините бакалауреат испити со што го заврши средното училиште.

Во текот на следните два дена, Маиф ми го покажа градот. Шетавме низ улиците до замокот од 12-от век каде таа играла како девојче со нејзиниот германски овчар, Кети. Лежевме на тревата покрај езерото, додека ги гледавме Алпите во далечина.

1
Фото: Philippe Robert

Во текот на тие два дена заедно, ние не се ни бакнавме. Бев обземен од неа и нејзината убавина, но таа имаше момче во Канада, и наскоро требаше да му се придружи на факултет и да студира англиски. А јас бев премногу срамежлив за да ѝ кажам како се чувствувам.

И си заминав. Но, после неколку дена, решив да се вратам во Нешател и да го посетам кафулето. После некое време се појави Маиф на нејзиниот малечок црн скутер. После кафето ме однесе во нејзиниот дом, каде нејзината баба ни приготви омлет за ручек.

Останав уште една вечер во Нешател. Имав уште многу работи за истражување пред да се вратам во Америка, а ми беше премногу болно да седам уште. Си кажавме збогум пред нејзиниот дом и конечно се бакнавме, но во образ како што прават Европејците со нивните пријатели. Се свртив и си заминав, а Маиф воздивна. Секој би се вратил и би останал со неа засекогаш.

До септември веќе беев преселен во Чикаго, а Маиф замина во Онтарио на универзитет. Си испративме писмо само еднаш. Ѝ се јавив еднаш и таа ми рече дека би можела наскоро да го посети Чикаго. Но, кога повторно ѝ се јавив после неколку недели, таа ми кажа дека запознала некого. Така, изгубивме контакт. 32 години.

После факултетот, ги посетив Нов Зеланд и Австралија година и половина, а потоа се вратив во Хави каде моето семејство живееше 3 години.

Понекогаш размислував за Маиф.

Со појавата на интернетот дојдоа и чудата. Се најдовме повторно, благодарение на „LinkedIn“. Кога ја „изгуглав“ во 2007 година, се појави само нејзиниот профил на „LinkedIn“. Ѝ испратив порака преку мојот профил и повторно стапивме во контакт.

Таа ми пиша дека неколку недели пред да ја исконтактирам имала сон: мистериозна маскирана жена одела по пат наспроти неа. Маиф ја прашала каде таа оди, а жената ѝ одговорила: „Се враќам во Акрон“, ѝ рекла жената. Маиф прашала: „Што има во Акрон?“, но жената не одговорила.

Во реалниот живот јас живеев во Акрон, Охајо, во 1975 година, кога ја запознав Маиф.

prikazna
Фото: Bill Harby

Дознав дека и таа беше долго време разведена; и двајцата го сакавме Леонард Коен, Том Вејтс и Вик Чеснат и заклучивме дека треба да се видиме повторно.

Започнавме да си испраќаме мејлови секој ден, а наскоро и да се гледаме на „Skype“. Дознав дека има три возрасни деца. Ме посети во Хаваи, а следната година јас отидов во Женева и три месеци живее со Маиф и нејзиниот син Даниел. Дотогаш, и таа и јас бевме зачудени што не само што успеавме да се пронајдеме еден со друг после 32 години, туку и дека уште си се допаѓаме, и се заљубуваме еден во друг. Се согласивме дека ако останевме заедно како млади, веројатно би се разделиле.

2
Фото: Bill Harby

Во брак сме седум години. Пред шест месеци, во нашиот дом пристигна пратка од неколку мои стари пријатели од Охајо. Внатре беше разгледница врамена во стакло. Сум им ја испратил разгледницата откако сум се разделил со Маиф.

„Мари Франс, 19 годишна убавица со која поминав три прекрасни дена во Нешател - живее во овој град целиот нејзин живот, зборува многу добро англиски - ако не заминев кога заминав, ќе имаше многу тешки љубовни проблеми. Знам дека би се заљубил во неа долго, долго време“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура