Научниците ја откриле тајната што љубителите на кафе со години сакаат да ја знаат - како да се направи совршена шолја кафе.
Математичарите и физичарите се собрале за да изготват формула за правење совршено кафе како дел од истражувањето објавено во списанието „Метр“.
Д-р Џејми Фостер, математичар од Универзитетот во Портсмут, ја почнал студијата откако открил дека понекогаш две шолји еспресо, направени на навидум ист начин, можат да имаат поинаков вкус.
Тимот на Фостер создал математичка теорија за да ја опише екстракцијата од едно зрно.
- Конвенционалната мудрост е дека ако сакате посилно кафе, треба повеќе да го мелете кафето. Тоа има смисла затоа што пофиното мелење значи дека поголема површина од зрното на кафето е изложена на вода, што треба да значи и посилно кафе - вели Фостер.
Но, истражувачите откриле дека кафето станало поверодостојно од чаша до чаша кога користеле помалку зрнца што биле мелени погрубо.
Фото: Instagram
- Кога зрнцата од кафето беа ситно мелени, честичките беа толку мали што затнуваа некои делови од просторот каде што треба да тече вода. Овие затнати делови се залудно потрошени затоа што водата не може да тече низ нив и нема пристап до вкусното кафе што го сакате во вашата чаша - објаснува Фостер.
Наместо тоа, математичарот вели дека помалку зрна што се погрубо мелени резултираат во подобро кафе. Тој додава и дека методот е поевтин бидејќи користи помалку зрна.
- Откако откривме начин поефикасно да правиме кафе, сфативме дека освен што правиме кафе што останува со ист вкус и квалитет, користиме и помалку кафе - додава Фостер.
Според портпаролот на Универзитетот во Портсмут, новиот рецепт е испробан во мало
кафуле во САД. Во период од една година кафулето заштедило илјадници долари.
- Процените укажуваат дека со овој метод може да се заштедат 1,1 милијарда американски долари - вели портпаролот на кафулето.