Да се биде професор или наставник е една од најдобрите работи во светот. Она што може да му го подарите на детето, односно на повеќе деца, е бесценето.
Со предавањето може да им помогнете на другите да научат нешто што драстично ќе им го промени животот. Но, вистинската убавина во тоа да се биде наставник е способноста да се научите себеси како да го задржите своето знаење.
Истражувањата покажуваат дека луѓето помнат:
-
5% од она што го научиле на предавање/час;
-
10% од она што го научиле додека читале;
-
20% од она што го научиле додека слушале или гледале;
-
30% од она што го научиле додека гледале демонстрација;
-
50% од она што го научиле додека учествувале во групна дискусија;
-
70% од она што го научиле додека го вежбале наученото;
-
90% од она што го научиле додека предавале некому или го користеле знаењето веднаш.
Да, така се помни 90% од сè што сте научиле.
Можеби затоа не е добро да се вршат предавања кои се основаат на традиционални методи со читање дефиниции или раскажување лекции. За жал, голем дел од македонското образование се основа на овие методи.
Тоа не значи дека индивидуалецот не може да го примени знаењето во практична ситуација.
Меѓутоа, немаме секогаш можност да го пренесеме знаењето, посебно не веднаш. Тука доаѓа напомош самостојното учење.
Колку и да звучи чудно и збунувачки, сите си зборуваме себеси, во главата и гласно. Во зависност од ситуацијата, секој може да се постави како наставник кон самиот себе.
Експертите од „
The grow list“ имаат некои идеи:
-
Започнете блог. Тој може да биде приватен, но ќе го користите за да учите и предавате на начини на кои не сте учеле досега.
-
Најдете група предавачи. Тие не мора да бидат наставници, доволно е да се интересираат за истите области како и вие и да може да ги споделувате знаењата.
-
Бидете нечиј ментор. Ваши ученици може да бидат помали познаници, пријатели или роднини. Не е важно, сè додека го применувате знаењето.
Среќно!