X
 26.07.2017 Живот

„Бабо, го прочитав писмото што ти го испратив пред 22 години - и заплакав!“

Пред неколку дена мојот брат ми испрати фотографија од писмо што јас ѝ го напишав на мојата баба пред 22 години. Таа чува сè, па и моите работи од основно училиште. Бидејќи не сме се виделе одамна, на овој начин сака да ми порача колку ѝ недостигам. Колку е таа важна во мојот живот, не може да се опише со зборови. Да не беше таа, јас сигурно би бил сосема друга личност.

„Драга бабо,

Ти благодарам што ми дозволи да го правам она што моите родители не ме оставаа, а и сама знаеш колку тоа ми значи во животот. Не ме ограничуваше бидејќи секоја недела, кога ме чуваше, во твојот двор ми дозволуваше да правам концерти и да пеам на цел глас. Додека се крстеа соседите што поминуваа покрај твоите врати, ти ме бодреше.

Ти благодарам што секоја вечер ми даваше млеко во мал сад и ставаше цевка во него, бидејќи јас бев убеден дека тоа е кул.

Ти благодарам што кога бев вознемирен и кога сонував нешто лошо, ти ме крлаше и пееше „Лула, лула, лушка, падна дете од крушка...“

Не заборавам кога едно лето ми исече кркми бидејќи беше многу жешко. Изгледав смешно, мама полуде, но барем челото не ми беше постојано влажно од пот, а и имав шик изглед за деведесеттите.

Секогаш од мене бараше кога ќе влезам во дворот, да ја наведнам главата за да ме бакнеш во вратот, па често од портата до влезната врата на куќата одев со наведната глава чекајќи да ме бакнеш. Знам дека тоа невидено те забавуваше.

Како да не ти бидам благодарен за времето што го помина со мене, а знам дека отсекогаш беше тешко болна. Толку вешто криеше дека нешто те боли и мачи, иако тоа го правиш и ден-денес бидејќи се плашиш од лекарите како од змија. Да не те знае човек, би помислил дека си најсреќна и највитална жена на светот. Затоа брат ми и јас те викавме „светлица“, бидејќи место не те држеше и постојано се движеше.

Ти благодарам што ми ја држеше раката додека ме испраќаше на училиште и што често пати на шега велеше: „Не дозволувај да те задеваат таму, бидејќи баба ќе фрли бомба“. Да знаеш, оваа изјава засекогаш ќе остане смешна.

Годините што ги поминав со тебе како дете никогаш нема да се избришат бидејќи ми овозможи незаборавно детство и моќни спомени.

Бабо, не ми се сите петки на работа, но се трудам. Убаво се согласувам со моите колеги, јас ги сакам нив и тие мене.

Ти посакувам да си здрава и да живееш уште долго, долго време.

Твојот внук Мичо“.

Пишува: Милорад Миловановиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот