X
 17.11.2023 Образование

УКЛО обедини научници од различни области во справувањето со глобалните предизвици

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола организира Меѓународен научен собир на тема: „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ што УКЛО го организира по повод Светскиот ден на науката.

Во два панела, дваесетина научници и професори од различни профили низ научен пристап ги актуализираа 17. глобални цели кои се дефинирани во агендата 2030 на ОН. Меѓу нив, посебна тежина на конференцијата ѝ обезбедија пленарните излагања на д-р Метју С. Хал, истражувачки професор од Вирџинија, САД, и д-р Ентони М. Гулд, редовен професор од Квебек, Канада.

Собирот е меѓу поважните академски активности што овозможуваат третирање на целите на ОН за одржлив развој, особено затоа што нивното исполување е од исклучително значење како за локалните заедници така и за Универзитетот и глобалната средина, истакнува проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ.

1

Министерката за култура на Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, учесник на меѓународниот настан со оцена: „Годишната научна конференција на УКЛО е собир од каде што ќе се трасира патеката на единството, соработка и визијата за трансформација, остварувајќи ги целите на Обединетите нации до 2030 година. Во тие процеси на прогрес, културата има голема улога, зашто културата е обединувачки фактор кој ги поврзува сите категории граѓани, не правејќи никакви поделби. Културата го афирмира слободниот творечки дух, креативноста и инспиративноста.

Согласно нашата Стратегија, институционалната култура во државата во споредба со минатото е поотворена, поконкурентна и станува активен и препознатлив учесник во регионалната, европската и светска култура.

2

Културната разновидност, богатото културно наследство што го имаме, оригиналноста во творештвото создаваат услови за вклученост на државата во реализација на глобалните политики за одржлив развој и остварување на целите на Обединетите нации.

Според мислењата на научниот и академски кадар, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола со одржувањето на Меѓународен научен собир ја продолжува востановената академска „мобилизација“ за афирмацијата на концептот за поставување на науката и научната мисла во срцевината на сите процеси за глобален одржлив развој, што беше посочено и во онлајн обраќањето на ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.

укло

Дополнително, од научниот собир, најдобро селектираните трудови ќе бидат објавени во меѓународното научно списание на УКЛО ,,Хоризонти“. Инаку, станува збор за втора конференција на која УКЛО ги разработува и на научен начин ги операционализира целите на ОН за одржлив развој. На Меѓународниот научен собир што се одржа на 17. 11. 2023 г. учество зедоа и проректорите, проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска, проф. д-р Цветко Андреески и претседателот на Универзитетскиот сенат, проф. д-р Николче Јанкуловски.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование