X
 29.05.2017 Наука

Кина ја создаде најголемата пловечка соларна фарма во светот

Кина е една од најзагадените земји во светот, велат податоците на Светската здравствена организација.

соларна
Фото:  Sungrow Power Supply Co.

Пекинг е познат по тоа што е прилично загаден. Но, неодамна Кина си постави за цел да стане лидер во обновливата енергија. Кинеската влада најави дека ја завршија изградбата на најголемата пловечка соларна фарма во светот која сега произведува енергија.

„Sungrow Power Supply“ ја изгради 40 мегаватна соларна централа, која се наоѓа на врвот од поранешен поплавен рударски град во источниот дел на провинцијата Анхуи.

„Централата не само што целосно ја користи оваа област, туку и ја намалува побарувачката за земјиште и ја подобрува генерацијата поради ефектот на ладење на површината“, вели официјален претставник на локалната власт.

Кинеската влада се посвети на зголемување на употребата на не-фосилни горива за 20% како и на тоа да стане зелена суперсила.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука