X
 30.05.2017 Технологија

Јапонски изум за сите осамени луѓе

Јапонската компанија Vinclu неодамна го претстави својот нов изум – виртуелен асистент кој со неколкуте додатоци наликуват како да се од научно – фантастичен филм.

азума
Фото извор: info vinclu/YouTube/Screenshot


Освен вештачка интелигенција, звучник кој го контролира гласот и преку кој може да се слуша музика, да се разговара и да се праќаат пораки, овој уред има и холограм кој го следи секој Ваш чекор во секојдневниот живот. Холограмот се вика Азума Хикари, живее во стаклениот оквир на Gatebox – от и нејзината главна цел е да се дружи со Вас.

Димезиите се 30X20 сантиметри, што значи дека може да ја ставите каде сакате за да Ви прави друштво. Таа чини 2500 долари и моментално е достапна само на американскиот и јапонскиот пазар.

Аналитичарите велат дека дополнително на фактот дека јапонците се помалку имаат време за љубовни врски, семејство и деца, овој уред би можел да ја влоши ситуацијата. Уредот може да прави многу нешта за Вас во домот, да пали и гаси светла, да Ве буди наутро и да Ви биде потсетник. За сега слуша упатства само на јапонски, но на пат е и англиската верзија.

Таа може да Ви даде совет и за што да облечете, а и да Ви ја каже временската прогноза. Азума е програмирана да Ви се обраќа со пријателски тон. Кога излегувате Ви мавта со раката, кога сте на работа, Ви праќа пораки за тоа кога планирате да си дојдете, а кога ќе си дојдете Ви кажува дека сте ѝ недостигале. Погледнете го видеото и размислете дали би сакале ваква партнерка:


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија