18.02.2020
Живот
Стогодишникот Луи Дони прекина со работа по 74 години
Највозрасниот човек во Франција на изборна функција, 100-годишниот општински советник од селото Гран Шезо, одлучи да не се јавува на локалните избори во март.
Стогодишникот Луи Дони ќе се повлече по 74 години и 11 месеци служба во општината, изјави за француски медиуми неговиот син Жан Шарл, кој исто така е во локалната управа на Гран Шезо.
Тоа е село со 246 жители во централниот департмент От Виен.
Дони првпат бил избран во април 1945 година. Добил 13 последователни мандати во општинскиот совет.
- Во животот човек треба да биде разумен за сè. За мене, како и за избирачите, нема да биде разумно да се кандидирам повторно. Оставам пат за младите - изјави тој.